Стар Завет

Нов Завет

Изреки 20:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. „Лошо, лошо”, зборува купувачот, а кога ќе си отиде се фали.

15. Има злато и многу бисери, но мудрите усни се најскапоцен накит.

16. Земи му ја облеката на оној кој емчи за друг; ограби го него место туѓинецот.

17. Сладок му е на човекот лебот на измамата, но после устата му се наполнува со песок.

18. Намерите се спроведуваат со совет; затоа размисли добро па води војна!

19. Кој клевети наоколу, открива тајни; затоа не се мешај со оној, кому усните секогаш му се отворени.

Прочитајте целосна глава Изреки 20