Стар Завет

Нов Завет

Изреки 21:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Кој го затнува своето уво пред викањето на сиромавиот, и самиот ќе вика, но никој не ќе го послуша.

14. Тајниот подарок ја стивнува лутината, а подарокот, под рака, и жестоката јарост.

15. Праведниот суд е радост за праведникот, а ужас за злосторниците.

16. Човек кој свртува од патот на разумот, ќе почива во собранието на мртвите.

17. Кој ја љуби веселбата, станува сиромав, и кој ги сака виното и мирисливото масло, не се збогатува.

Прочитајте целосна глава Изреки 21