Стар Завет

Нов Завет

Изреки 22:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот.

9. Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот.

10. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата.

11. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател.

12. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот.

13. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”

14. Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму.

15. Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него.

16. Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.

17. Беседи на мудреците: наведни го увото и чуј го моето слово и земи го при срце моето знаење,

18. зашто е пријатно ако ги пазиш во твојата внатрешност и ако ти бидат на твоите усни.

Прочитајте целосна глава Изреки 22