Стар Завет

Нов Завет

Изреки 24:27-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Сврши ја својата работа надвор и приготви ја својата нива, потоа изгради ја и својата куќа.

28. Не сведочи лажно против својот ближен; зар ќе мамиш со своите усни?

29. Не зборувај: „Како што тој ми направи мене, така ќе му направам и јас нему; ќе му платам на тој човек според неговото дело!”

30. Поминував покрај нивата на некој мрзливец, и покрај лозјето на некој безумник;

31. и ете, сè беше зарастено во коприви, трњето ја покриле површината, и камената ограда беше разурната.

32. Го видов тоа и го запазив во срцето, разгледав и зедов поука:

33. „Уште малку поспи, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за починка,

34. и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и немаштијата како вооруженик!”

Прочитајте целосна глава Изреки 24