Стар Завет

Нов Завет

Изреки 25:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И овие се Соломонови поуки, кои ги собраа луѓето на Езекија, царот јудејски:

2. Слава Божја е да крие работа, а царската слава да ја истражува.

3. Неистражливи се: небото во височината, земјата во длабочината и царевото срце.

4. Отстрани ја згурата од среброто и ќе успее работата на златарот.

5. Отстрани го нечесниот од пред царот и неговиот престол ќе се зацврсти во правда.

6. Не воздигнувај се пред царот, и не седнувај на местото на големците,

7. зашто е подобро да ти се рече: „Искачи се горе”, отколку да те понижат пред начелникот.

8. Тоа што ти го видоа очите не го изнесувај пребргу на расправа; зашто што ќе направиш на крајот, кога ќе те засрами и твојот ближен?

9. Реши го спорот со својот ближен, и не откривај ја тајната на друг,

10. за да не те укори кој ќе чуе, и твојот углед срушен да биде.

11. Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови.

Прочитајте целосна глава Изреки 25