Стар Завет

Нов Завет

Изреки 25:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И овие се Соломонови поуки, кои ги собраа луѓето на Езекија, царот јудејски:

2. Слава Божја е да крие работа, а царската слава да ја истражува.

3. Неистражливи се: небото во височината, земјата во длабочината и царевото срце.

4. Отстрани ја згурата од среброто и ќе успее работата на златарот.

5. Отстрани го нечесниот од пред царот и неговиот престол ќе се зацврсти во правда.

Прочитајте целосна глава Изреки 25