Стар Завет

Нов Завет

Изреки 25:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ретко влегувај во куќата на твојот ближен, да не се засити од тебе и да те замрази.

18. Човек кој сведочи лажно против својот ближен, тој е како палица, и меч, и остра стрела.

19. Безбожничката надеж во денот на неволјата, е како гнил заб и нога што трепери.

20. Како оној што соблекува облека во зимски ден или потурува киселина врз раната, таков е оној што му пее песна на ожалостено срце.

21. Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода,

22. зашто така му натрупуваш жар на главата, и Господ ќе те награди.

23. Северниот ветер донесува дожд, а потајниот јазик - разгневено лице.

24. Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.

25. Како студена вода за жедно грло, таква е добрата вест од далечна земја.

26. Како затрупан кладенец и заматен извор, таков е праведникот кој трепери пред нечесниот.

27. Да се јаде многу мед не е добро, ниту да се бара претерана слава.

28. Разурнат град и без ѕидови, таков е човекот, кој нема власт над себеси.

Прочитајте целосна глава Изреки 25