Стар Завет

Нов Завет

Изреки 26:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. одговори му на безумниот според неговата глупост, за да не се направи сам себеси мудар.

6. Си ги пресечува нозете и пие горчило, кој испраќа порака по безумен.

7. Како што се трепетливите нозе на хромиот, таква е мудрата изрека во устата на безумниот.

8. Како оној што врзува скапоцен камен за прачка, таков е оној кој му искажува чест на безумникот.

9. Како што е трнливата гранка во рацете на пијаницата, таква е мудрата поука во устата на безумниот.

10. Стрелец кој ги ранува сите минувачи: таков е оној кој го главува безумниот.

11. Безумникот се враќа на својата глупост, како што кучето се враќа на својата блувотина.

Прочитајте целосна глава Изреки 26