Стар Завет

Нов Завет

Изреки 27:3-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес.

4. Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе и одолее на љубомората?

5. Јавниот укор е подобар, отколку лажната љубов.

6. Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни.

7. Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сè горчливо - му е слатко.

8. Како птица далеку од своето гнездо, таков е човекот, кој е далеку од својот роден крај.

9. Како што маслото и мирисот го веселат срцето, така и сладоста на пријателот преку срдечен совет.

10. Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку.

11. Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.

12. Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.

13. Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.

14. Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва.

15. Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,

16. кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.

17. Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател.

Прочитајте целосна глава Изреки 27