поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав.

2. Кога се греши во земјата, управителите и се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана.

3. Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб.

4. Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат.

5. Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сè.

6. Подобар е бедниот, кој живее непорочно, отколку богатиот, кој чекори по крив пат.

7. Кој го пази Законот, е разумен син, а кој се дружи со ненаситниците го срамоти татка си.

8. Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните.

9. Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена.

10. Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто.

11. Богатиот човек се смета мудар за себеси, но разумниот сиромав ќе го разобличи.

12. Голема слава е кога се радуваат праведниците, а кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат.

13. Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост.

14. Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа.

15. Лав што рика и гладна мечка: таков е опакиот владетел за бедниот народ.

16. Неразумниот управител прави многу насилства, а кој ја мрази лакомоста, живее долго.

17. Човек кој е виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб: не застанувајте го.

18. Кој живее праведно, се спасува, кој оди по криви патишта, пропаѓа на еден од нив.

19. Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб, а кој трча по суетите, ќе се насити со сиромаштво.

20. Чесниот човек изобилува со благослови, а кој брза по богатство, не останува без казна.

21. Не чини да се биде пристрасен на суд, зашто и за залак леб човекот прави зло.

22. Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста.

23. Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик.

24. Кој ги ограбува татка си и мајка си и вели: „Не е грев”, другар му е на разбојникот.

25. Срцето на горделивецот зафаќа препирка, а кој се надева на Господа, ќе напредува.

26. Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро.

27. Кој му дава на бедниот, не трпи скудност; а кој ги одвраќа своите очи, ќе биде проклет.

28. Кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат, а кога пропаѓаат, тогаш се умножуваат праведниците.