Стар Завет

Нов Завет

Изреки 3:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сине мој, не ги заборавај моите поуки, и твоето срце нека ги чува моите заповеди,

2. зашто ќе ти ги продолжат деновите и годините на животот и ќе ти додадат мир.

3. Нека не те оставаат добрината и верноста, обеси ги околу својот врат, запиши ги врз плочата на своето срце,

4. така ќе придобиеш милост и добро сфаќање пред Божјите и човечките очи.

5. Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.

6. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.

7. Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,

8. тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.

9. Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход,

10. и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.

Прочитајте целосна глава Изреки 3