Стар Завет

Нов Завет

Изреки 3:17-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир.

18. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.

19. Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот;

20. со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса.

21. Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување;

22. и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.

23. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.

24. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.

25. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,

26. зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.

27. Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа.

28. Не вели му на својот ближен: „Отиди си и дојди пак, и ќе ти дадам утре”, кога можеш веќе сега.

29. Не кови му зло на својот ближен, додека тој престојува без страв, кај тебе.

30. Не карај се без причина, со никого, ако не ти направил зло.

31. Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,

32. зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.

Прочитајте целосна глава Изреки 3