Стар Завет

Нов Завет

Изреки 3:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Не вели му на својот ближен: „Отиди си и дојди пак, и ќе ти дадам утре”, кога можеш веќе сега.

29. Не кови му зло на својот ближен, додека тој престојува без страв, кај тебе.

30. Не карај се без причина, со никого, ако не ти направил зло.

31. Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,

32. зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.

Прочитајте целосна глава Изреки 3