Стар Завет

Нов Завет

Изреки 3:30-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Не карај се без причина, со никого, ако не ти направил зло.

31. Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,

32. зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.

33. Господовото проклетство е врз домот на безбожникот, а благословот е во домот на праведникот.

34. На потсмевнувачите тој им се потсмевнува, а на смирените им дарува благодат.

35. Мудрите ќе ја наследат славата, а безумниците ќе го носат срамот.

Прочитајте целосна глава Изреки 3