Стар Завет

Нов Завет

Изреки 30:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. За две нешта те молам: не откажувај ми ги, додека не умрам:

8. оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;

9. за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.

10. Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.

11. Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!

12. Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии.

13. Род со издигнати очи, кој ги крева високо своите клепки!

14. Род чии заби се мечеви, а челустите ножеви, за да ги изеде несреќните на земјата и бедните меѓу луѓето!

15. Пијавицата има две ќерки: „Дај! Дај!” Суштествуваат три ненаситни работи; и четири што не велат: „Доста!”

Прочитајте целосна глава Изреки 30