Стар Завет

Нов Завет

Изреки 31:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери.

11. Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба.

12. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.

13. Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце.

14. Таа е како трговски брод: оддалеку го донесува својот леб.

15. Таа станува уште во ноќта, ги храни своите домашни и им одредува работа на своите прислужнички.

16. Ако забележи нива ја купува; со плодот на своите раце сади лозје.

17. Со сила ги опашува своите бедра, и ги зајакнува своите мишки.

18. Гледа како и напредува работата: ноќе не и гасне светилката.

19. Со рацете посегнува по предилката, и со прстите го држи вретеното.

20. Ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној кој има потреба.

21. Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.

22. Сама си шие покривачи, се облекува во лен и во црвено сукно.

23. Мажот и е славен на Вратите, каде што седи со земните старешини.

Прочитајте целосна глава Изреки 31