Стар Завет

Нов Завет

Изреки 5:8-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Твојот пат нека е далеку од неа, и не се приближувај до вратата на нејзината куќа,

9. да не го дадеш цветот на својата младост и своите години на немилостивите;

10. да не се наситат туѓинци од твојот имот, и твојот труд да не отиде во туѓа куќа;

11. да не ридаш на крајот кога ќе бидат истрошени телото и снагата,

12. и да не речеш: „Ох како ја мразев поуката, и како моето срце го презираше укорот!

13. И не го слушав гласот на своите учители, ниту го приклонив увото кон оние што ме поучуваа.

14. И за малку не западнав во секакво зло, среде собирот и заедницата!”

15. Пиј вода од својот извор и онаа што извира од твојот кладенец.

16. Зар надвор да се разлеваат твоите извори и водните потоци да течат по улиците?

17. Нека бидат тие само твои, а не и на туѓинците кои се покрај тебе.

18. Нека е благословен твојот извор, и радувај се со жената на својата младост,

19. нека ти е како мила срна и љубезлива кошута; нека те напојуваат нејзините гради во секое време, и нејзината љубов те восхитува непрекратно!

20. Па зошто сине мој би се занесувал по туѓа жена и би ги прегрнувал градите на туѓинката?

21. Зашто пред Господовите очи се човековите патишта, и тој ги набљудува сите негови патеки.

22. Нечесниот ќе биде фатен од сопственото беззаконие и ќе го држат јажињата на неговите гревови.

23. Ќе умре зашто нема поука, ќе пропадне заради своето големо безумие.

Прочитајте целосна глава Изреки 5