Стар Завет

Нов Завет

Изреки 6:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сине мој, кога емчиш за својот ближен, и ја дадеш својата рака на друг,

2. си се врзал со сопствените усни, си се врзал со зборовите на својата уста.

3. Направи го тогаш ова сине мој, ослободи се! Зашто си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред него и моли го својот ближен.

4. Не давај им сон на своите очи ни дремка на своите клепки.

5. Истргај се како газела од раката на ловецот и како птица од рацете на птичарот.

6. Оди при мравката, о мрзливецу набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар:

7. Таа нема водич, надзорник ни настојник,

8. се грижи за храната лете и прибира јадење во време на жетвата.

9. А ти, мрзливецу, до кога ќе спиеш? Кога ќе се разбудиш од својот сон?

10. Уште малку поспиј, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за одмор,

11. и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и твојата скудност како вооруженик.

12. Лукавиот човек, нечесниот човек, оди со лажлива уста,

13. намигнува со очите, тропа со нозете, покажува со прстите;

14. измамите му се во срцето, сонува зло во секое време, сее раздори.

Прочитајте целосна глава Изреки 6