Стар Завет

Нов Завет

Изреки 6:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и твојата скудност како вооруженик.

12. Лукавиот човек, нечесниот човек, оди со лажлива уста,

13. намигнува со очите, тропа со нозете, покажува со прстите;

14. измамите му се во срцето, сонува зло во секое време, сее раздори.

15. Затоа пропаста ќе му дојде одненадеж, и во миг ќе се скрши и нема да му има лек.

16. Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Неговата душа:

17. Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв,

18. срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло,

19. лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќата.

20. Сине мој, пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка.

21. Врзи ги за своето срце засекогаш, завиткај ги околу своето грло;

22. за да те водат кога одиш, да те чуваат кога спиеш, и да разговараат со тебе кога ќе се разбудиш.

Прочитајте целосна глава Изреки 6