Стар Завет

Нов Завет

Изреки 6:15-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Затоа пропаста ќе му дојде одненадеж, и во миг ќе се скрши и нема да му има лек.

16. Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Неговата душа:

17. Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв,

18. срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло,

19. лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќата.

20. Сине мој, пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка.

21. Врзи ги за своето срце засекогаш, завиткај ги околу своето грло;

22. за да те водат кога одиш, да те чуваат кога спиеш, и да разговараат со тебе кога ќе се разбудиш.

23. Зашто заповедта е светилник, законот е светлина, опомените на изобличувањата се пат кон животот;

24. за да те чуваат од зла жена, од ласкавиот јазик на туѓинката.

25. Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина, и не оставај да те освои со своите клепки,

26. зашто поради блудница човек се понижува и за парче леб, додека прељубницата лови скапоцен живот.

27. Може ли некој да носи оган во пазувите, а да не му се запали облеката?

28. Може ли некој да оди по вжарени јаглени, а да не си ги изгори своите нозе?

29. Така биднува со оној кој оди при жената на својот ближен: Не ќе остане без казна оној што ќе се допре до неа.

Прочитајте целосна глава Изреки 6