15. затоа ти излегов во пресрет, да те барам, и те најдов.
16. Своето легло го послав со килими, со везени египетски покривачи;
17. својата постела ја намирисав со смирна, алој и канела.
18. Ајде да се ситиме со нежности до утрото и да се насладуваме во љубовта.
19. Зашто мојот маж не е дома, отиде на далечен пат;
20. зеде со себе ќесе со сребро, а ќе се врати дома одвај при полната месечина.”
21. Така го заведе со своето наговарање, го одвлече со своите мазни усни.
22. И тој тргна лудо по неа, како што волот оди на кланица и како што еленот, заплеткан во мрежата, чека
23. додека стрелата не му го прониже црниот дроб, и како птицата што влетува во клопката, и не знаејќи дека тоа ќе ја чини животот.
24. Затоа, сине мој, послушај ме, и чуј ги зборовите на мојата уста:
25. Нека твоето срце не застранува по нејзините патишта, и нека не скита по нејзините патеки,
26. зашто мнозина ги рани смртно и ги падна, и мнозина се оние што ги уби.
27. Патиштата низ нејзината куќа водат во пеколот, долу во собите на смртта.