Стар Завет

Нов Завет

Изреки 7:19-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Зашто мојот маж не е дома, отиде на далечен пат;

20. зеде со себе ќесе со сребро, а ќе се врати дома одвај при полната месечина.”

21. Така го заведе со своето наговарање, го одвлече со своите мазни усни.

22. И тој тргна лудо по неа, како што волот оди на кланица и како што еленот, заплеткан во мрежата, чека

23. додека стрелата не му го прониже црниот дроб, и како птицата што влетува во клопката, и не знаејќи дека тоа ќе ја чини животот.

24. Затоа, сине мој, послушај ме, и чуј ги зборовите на мојата уста:

25. Нека твоето срце не застранува по нејзините патишта, и нека не скита по нејзините патеки,

26. зашто мнозина ги рани смртно и ги падна, и мнозина се оние што ги уби.

27. Патиштата низ нејзината куќа водат во пеколот, долу во собите на смртта.

Прочитајте целосна глава Изреки 7