Стар Завет

Нов Завет

Изреки 8:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Богатството и славата се во мене, постојаното добро и справедливоста.

19. Мојот плод е подобар од чистото и најчистото злато, и мојот приход е подобар од чистото сребро.

20. Јас чекорам по патот на правдата, среде справедливите патеки,

21. да им дадам имот на оние кои ме љубат и да ги наполнам нивните сокровишта.

22. Господ ме имаше во почетокот на Својот пат, пред Своите созданија, многу одамна.

23. Вообличена сум уште од вечноста, од почеток, пред создавањето на земјата.

Прочитајте целосна глава Изреки 8