Стар Завет

Нов Завет

Изреки 9:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови.

2. Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол.

3. Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини:

4. „Кој е глупав, нека наврати ваму!” А на неразумните им говори:

5. „Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав;

6. оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.

7. Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си.

8. Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака.

9. Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.

10. Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.

11. Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.

12. Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.”

Прочитајте целосна глава Изреки 9