Стар Завет

Нов Завет

Јоил 1:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Полето е запустено, земјата е ограбена. Житото е ограбено, виното пропадна, маслото пресуши.

11. Засрамете се, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, зашто пропадна полската жетва.

12. Лозата се исуши, смоквата овена, калинката, палмата и јаболкниците: секое полско дрво се исуши. Затоа радоста ја снема меѓу човечките синови.

13. Свештеници, препашете вреќиште и плачете! Службеници на жртвеникот, тажете! Дојдете, преноќевајте во вреќиште, служители на мојот Бог! Зашто од Домот на нашиот Бог ги снема лебниот принос и налевницата!

14. Одредете осветен пост, прогласете свечен собир; старешини, соберете ги, сите жители на земјата во куќата на Господа, вашиот Бог. Извикајте кон Господа:

15. О каков ден! Зашто Господовиот ден е близу и доаѓа како гибел од Сèвишниот.

Прочитајте целосна глава Јоил 1