Стар Завет

Нов Завет

Јов 13:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тој ќе ве изобличи со претешка казна, заради вашата потајна пристрасност.

11. Зар не ве плаши Неговото величество и зар не ве опфаќа ужас од Него?

12. Вашите причини се пословици од пепел, вашата одбрана е одбрана од кал.

13. Молкнете сега! Оставете ме да зборувам, па после нека ме снајде што му е мило.

14. Зар своето тело да го кинам сам со забите? Зар да го упропастувам животот со својата рака?

15. Тој може да ме убие: немам друга надеж, туку да ги оправдам своите патишта пред Него.

16. И тоа е веќе залог за моето спасение, зашто лицемер не може да стапи пред Него.

17. Послушајте ги внимателно моите зборови, нека навлезе беседата во вашите уши.

18. Ете: јас приготвив расправа, зашто сум уверен во своето право.

19. Кој сака да се суди со мене? Зашто ако молкнам, одма ќе издивнам.

20. Само две молби не ми скратувај, да не се кријам од Твоето лице,

21. крени ја од мене Твојата тешка рака и не плаши ме со својот ужас.

Прочитајте целосна глава Јов 13