Стар Завет

Нов Завет

Јов 14:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. О, кога би сакал да ме скриеш во Шеолот, да ме засолниш додека не Ти помине гневот, да ми определиш рок, кога ќе си спомниш за мене!

14. Зашто, кога човекот умре, зар може да оживее? Би те чекал во сите денови на своето војување, додека не дојдеш да ми дадеш смена.

15. Би ме повикал, а јас би се одѕвал; имаш желба за делото на Своите раце.

16. А сега дебнеш над секој мој чекор, не сакаш да ми простиш ниеден грев,

17. го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина.

18. Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место,

19. како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот.

20. Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш.

Прочитајте целосна глава Јов 14