Стар Завет

Нов Завет

Јов 19:15-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. На своите слугинки им сум како странец, непознат сум во нивните очи.

16. Го повикувам слугата, а тој не одговара, треба да го заколнувам за милост.

17. Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба.

18. И на малите деца им служам за презир, ако станам, ми се криват.

19. Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.

20. Коските ми се прилепени за кожата и телото, и ми остана само кожа околу забите.

21. Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри.

22. Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело?

23. О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга;

24. да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.

25. Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.

26. А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога.

27. Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него.

28. Кога ќе речете: „Како ќе го гониме? Која причина ќе ја најдеме кога коренот се наоѓа во него?”

Прочитајте целосна глава Јов 19