Стар Завет

Нов Завет

Јов 22:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце.

23. Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор.

24. Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња.

25. Семоќниот ќе стане твое чисто злато, Тој ќе биде светливо сребро за тебе.

26. Да, Сèдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога.

Прочитајте целосна глава Јов 22