Стар Завет

Нов Завет

Јов 27:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Сè додека мојот дух е уште во мене, додека Божјиот здив биде во моите носалки,

4. Моите усни нема да изустат зло, ниту некаква лага ќе дојде на мојот јазик.

5. Далеку од мене да ве оправдам, својата невиност ќе ја бранам до последниот здив.

6. Јас се држам за својата правда, нема да ја оставам; моето срце нема да ме кори заради моите денови.

7. Нека го најде мојот непријател кобта на безбожникот, а мојот противник - судбината на беззаконикот!

8. Зашто на што може да се надева кога се моли покорно и кога ја вознесува својата душа кон Бога?

9. Ќе ги чуе ли Бог неговите крици, кога неволјата ќе се нафрли врз него?

Прочитајте целосна глава Јов 27