Стар Завет

Нов Завет

Јов 29:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов ја продолжи својата беседа и рече:

2. „О да можам да ги проживеам минатите месеци, оние денови кога Бог бдееше над мене.

3. Кога Неговиот светилник светеше над мојата глава, а Неговата светлина ме водеше низ темнината,

4. како во годините на мојата зрелост, кога Божјата добрина беше над мојот дом.

5. Кога Сèдржителот уште беше со мене и моите деца ме опкружуваа,

6. кога моите нозе ги миев во млеко, а мојот камен излеваше потоци масло!

7. Кога излегував над градската врата и ја поставував својата столица на раскрсницата,

8. откако ќе ме видеа, младите се криеја; старците откако ќе станеа, стоеја,

9. првенците го прекратуваа разговорот и ја ставаа раката на својата уста.

10. Гласот на началниците стивнуваше сосем, јазикот им се залепуваше за непцето.

11. Секој што ме слушаше, ме наречуваше блажен, ме фалеше окото, што ќе ме видеше.

12. Зашто, го избавував бедниот кога викаше и сиракот оставен без помош.

13. Благословот на изгубените беше врз мене, јас му ја враќав веселбата на срцето на вдовицата.

14. Се облекував во правдата како со облека, беспристрасноста ми беше наметка и венец.

Прочитајте целосна глава Јов 29