Стар Завет

Нов Завет

Јов 30:2-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Па зошто ми е силата на нивните раце, кога ќе им ја снема нивната мажествена сила?

3. Испиена од глад и скудност; гризеа корења во пустината и густа шума по запустените урнатини.

4. Береа лобода и лисја од грмушките, како леб јадеа смреково корење.

5. Тие се протерани од човечкото општество, викаат по нив како по крадци.

6. Живееја по страшни ровови, во пештери и во пукнатини.

7. Рикањето им се креваше од честакот, лежеа стиснати по трништата.

8. Синови на навредените, род на безимените, ги протеруваа со бичеви од земјата.

9. На таквите им станав шеговита песна и сега ним им служам како приказна!

10. Се гнасат и бегаат од мене, не се стеснуваат да ми плукаат во лицето.

11. Бидејќи Бог ми го скрши лакот и ме сотре, тие ја отфрлија уздата од своите усти.

12. Изродите стануваат од мојата десна страна, тие ги тераат моите нозе во бегство, насипуваат пат на пропаст кон мене.

13. Ми ја разурнуваат патеката, за да ме сотрат, напаѓаат и никој не им брани.

14. Тие навлегуваат низ широк пролом и се тркалаат како бура.

15. Сите стравотии се свртуваат кон мене, мојот углед го снема како ветер, доброто исчезна како облак.

Прочитајте целосна глава Јов 30