Стар Завет

Нов Завет

Јов 32:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Затоа ве молам, послушајте ме мене, да ви го изложам и јас своето знаење.

11. Ги следев со внимание вашите беседи и ги сослушав вашите причини, додека баравте што да кажете.

12. Целото мое внимание беше врз вас, но немаше никој да го побие Јова, ниту пак некој од вас да му се противстави на неговото слово.

13. Не велете: „Ја најдовме мудроста, Бог ќе го побие, зашто човекот не може.”

14. Тој не ја насочи беседата кон мене: нема да му одговорам со вашите зборови.

15. Поразените не можат да се противстават, прекратија да зборуваат!

Прочитајте целосна глава Јов 32