Стар Завет

Нов Завет

Јов 33:13-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Па зошто се препираш со Него? Тој не дава отчет ниту за едно од Своите дела.

14. Господ ни зборува нам еднаш и двапати, но човекот не обрнува внимание на тоа.

15. Во соништата, во ноќните виденија, кога длабок сон ги совладува луѓето и додека сонуваат цврсто на леглата,

16. тогаш Тој му зборува на увото на човекот, и го плаши со морничави привиди,

17. за да го одврати од неговите дела, да ја обори гордоста во човекот,

18. да ја спаси неговата душа од јамата и неговиот живот да не падне од меч.

19. Тој го кара, на леглото, со болест, кога коските му се тресат непрекратно.

20. Кога лебот му се гади на неговиот живот и најдоброто јадење на неговата душа.

21. Кога неговото тело гине очигледно и му се гледаат оголените коски.

22. Кога душата му се приближува до гробот, а неговиот живот кон гласниците на смртта.

23. Тогаш, ако не се најде ангел покрај него, еден посредник меѓу илјада, за да го спомени човекот на должноста,

24. па се сожали над него и рече: „Избави го, за да не слезе во јамата; најдов откупнина за неговиот живот!

25. Нека му процвета телото со младост, нека се врати во младечки денови!”

26. Му се помолува на Бога и Бог го послушува: Тој го погледнува радосно во лицето; му ја враќа на човекот неговата праведност.

Прочитајте целосна глава Јов 33