Стар Завет

Нов Завет

Јов 33:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Тој ми ја спаси душата од гроб и мојот живот се радува на светлината.”

29. Ете, Бог го прави сè тоа двапати и до трипати за човекот,

30. за да ја спаси неговата душа од гробот и да му го осветли животот со светлина.

31. Внимавај, Јове, послушај ме добро; молчи, зашто уште не доискажав сè.

32. Ако имаш уште зборови, одговори ми, говори - со задоволство би те оправдал тебе,

33. ако немаш, послушај ме само, внимавај, и ќе те научам на мудрост.

Прочитајте целосна глава Јов 33