Стар Завет

Нов Завет

Јов 36:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Ако се тие оковани во вериги и сопнати со јажињата на неволјата,

9. Тој им ги напомнува нивните дела, им го кажува гревот на нивната гордост.

10. Тогаш им го отвора увото за опомена и ги призовува да се отстранат од злото.

11. Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост;

12. ако пак не слушаат, умираат од копје, заглавуваат, незнаејќи ни самите како.

13. А нечесните срца негуваат омраза, не бараат помош, кога Тој ги врзува во окови;

14. умираат во цветот на своето детство и животот им завршува меѓу содомците.

15. Тој го спасува страдалникот преку неговата беда и му ги отвора очите во несреќа.

16. Ќе те избави од грлото на теснината, ќе те изведе кон безграничните пространства, кон стол преполн со месо.

17. Но ти си го исполнил судот на безбожниците суд и осудување ќе те постигне.

18. Отсега нека не те заведува изобилството и нека не те расипе пребогатиот дар.

19. Богатиот нека ти биде како човек без злато, а човекот со силна рака како слабиот.

Прочитајте целосна глава Јов 36