Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ му одговори на Јова од бура и рече:

2. Кој е тој кој со безумни зборови ја замрачува божествената промисла?

3. Препаши си го крстот како јунак Јас ќе те прашам, а ти поучи Ме.

4. Каде беше кога ја основав земјата, кажувај, ако знаеш!

5. Знаеш ли кој и ги одреди мерките и кој го оптегна измерувачкото јаже над неа?

6. На што и почиваат основите? Кој и постави крајаголен камен,

7. додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани?

8. Кој го затвори морето со врати, кога заизвори од мајчиното крило,

9. кога го облеков со облак како со облека и кога го завиткав со густа магла како со пелени;

10. кога ја одредив неговата меѓа, ставив врати со лостови?

11. Дотаму, не подалеку, му реков нему, тука нека се крши гордоста на твоите бранови!”

12. Зар некогаш си му заповедал на утрото? Зар си и го покажал на зората нејзиното место,

13. да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,

14. да ја претвори во печатна глина и да ја обои како некаква облека?

15. Таа им ја одзема светлината на злосторниците и им ја крши кренатата тупаница.

16. Зар си проникнал до морските извори? Зар си одел некогаш по дното на бездната?

Прочитајте целосна глава Јов 38