Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:33-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Зар ги познаваш ти небесните закони, па да им доделиш ним сила на земјата?

34. Можеш ли да им извикаш на облаците, па да те послушаат поројните дождови?

35. Зар по твоја заповед летаат секавиците и зар ти се одѕиваат тебе: „Еве нè?”

36. Кој ја положи мудроста во човекот, кој му даде разум на срцето?

37. Кој ги пребројува мудро облаците и кој ги излева небесните мевови,

38. додека земјата не се згусти во тесто и додека не се залепат нејзините грутки?

39. Зар ти ќе и уловиш лов на лавицата или ќе го задоволиш гладот на лавчињата,

40. додека чекаат гладно на своето легло и дебнат на жртвата од засолништето?

41. Кој им набавува храна на гавраните кога неговите пилци пиштат кон Бога и летаат наоколу без храна?

Прочитајте целосна глава Јов 38