Стар Завет

Нов Завет

Јов 39:10-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Можеш ли да го приковеш за браздата, за да го влече ралото по твоите бразди?

11. Можеш ли да се потпреш на него, зашто е преголема неговата сила и да му ја препуштиш својата тешка работа?

12. Дали мислиш дека ќе ти се врати и дека ќе ти дотера жито на гумното?

13. Нојот трепери радосно со своите крилја, иако се скудни крилјата и перјата.

14. Тој ги остава своите јајца на земјата, му ги доверува на песокот да ги грее,

15. не грижејќи се дека може да ги згази нога, или да ги згмечи некаков див ѕвер.

16. Постапува со нојчињата како со туѓи; тој не се грижи дека трудот му е напразен.

17. Зошто Бог го лиши него од памет, не му даде никаков разум.

18. Ама кога ќе се вивне нагоре, тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.

19. Зар ти му подари сила на коњот? Зар ти му го украси вратот со гривна?

20. Зар ти правиш да скока како скакулец, секого да натера во страв со р’жењето?

21. Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.

22. Му се потсмева на стравот, од ништо не се бои, не ќе се повлече ни пред меч.

Прочитајте целосна глава Јов 39