Стар Завет

Нов Завет

Јов 39:18-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Ама кога ќе се вивне нагоре, тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.

19. Зар ти му подари сила на коњот? Зар ти му го украси вратот со гривна?

20. Зар ти правиш да скока како скакулец, секого да натера во страв со р’жењето?

21. Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.

22. Му се потсмева на стравот, од ништо не се бои, не ќе се повлече ни пред меч.

23. На неговите задни страни ѕвечи торба со стрели, копјето светка и бојната сулица.

24. Бесен и нестрплив ги голта пространствата; кога ќе засвири рогот, кој ќе го задржи:

25. Тој за’ржува при секој звук на рогот: Вришти, ха! Веќе оддалеку тој го надушува лутиот бој, бојната викотница и извиците на војсководачите.

26. Зар по твојата промисла лета соколот и ги шири своите крилја кон југ?

27. Зар на твој налог се крева орелот и си свива гнездо врз височината?

28. Врз стрма карпа тој живее и ноќева, на планинските сртови на високите стрмнини.

29. Оттаму дебне втренчено на пленот, неговите очи гледаат далеку.

30. Неговите орлиња се хранат со крв; каде има убиени, таму е и тој.”

Прочитајте целосна глава Јов 39