Стар Завет

Нов Завет

Јов 6:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Јов одговори и рече:

2. „О кога би можела да се измери мојата мака, а мојата неволја да се стави на мерилка!

3. Тие сега би биле потешки од морскиот песок; и затоа моите зборови се брзоплети.

4. Стрелите на Сèсилниот се во моите внатрешности, нивниот бес ми го испива духот, Божјите стравотии удрија против мене.

5. Па, рика ли дивото осле покрај свежа трева? Или мука ли волот покрај својата храна?

6. Зар се јаде блутава храна без сол? Или има ли сласт во белката на јајцето?

7. Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење.

8. Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам!

9. О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре!

10. Тоа би била вистинска утеха за мене, би можел да воскликнувам во тешки маки, зашто јас нема да ги скријам зборовите на Светиот.

11. Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго?

Прочитајте целосна глава Јов 6