Стар Завет

Нов Завет

Јов 6:18-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа.

19. Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив.

20. А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.

21. Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте.

22. Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот;

23. избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?”

24. Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап.

25. О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори?

26. Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор!

27. Зар бисте фрлиле жрепка за сирачето и бисте тргувале со својот пријател?

28. Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице.

29. Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен!

30. Зар има неправда на мојот јазик? Зар не ја вкусив секоја несреќа?”

Прочитајте целосна глава Јов 6