Стар Завет

Нов Завет

Јов 6:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?”

24. Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап.

25. О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори?

26. Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор!

27. Зар бисте фрлиле жрепка за сирачето и бисте тргувале со својот пријател?

28. Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице.

29. Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен!

Прочитајте целосна глава Јов 6