Стар Завет

Нов Завет

Јов 8:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш проговори Валдад од Шуах и рече:

2. „Уште до кога ќе зборуваш така, до кога твојот збор ќе биде како виор?

3. Па зар може Бог да ја гази правината, може ли Сèсилниот да ја изопачи правдата?

4. Ако твоите деца Му згрешија, затоа ги предаде на нивните беззаконија.

5. Но ако го побараш Бога искрено и замолиш ти милост од Сèдржителот;

6. ако бидеш чист и непорочен, отсега Тој секогаш ќе бдее над тебе и ќе ја обнови куќата на праведникот.

7. Ќе биде мала твојата мината среќа, во однос на идната што ќе те чека.

8. Но прашај ги само поранешните поколенија, внимавај на мудроста на нивните татковци.

9. Ние сме од вчера и не знаеме ништо, нашите земни денови се како сенки.

10. Тие ќе те поучат и ќе ти речат, од своето срце ќе извлечат беседи:

11. Зар ќе никне рогозата вон мочуриштето? Зар ќе порасте трската без вода?

Прочитајте целосна глава Јов 8