Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 14:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Ова нека ви биде закон за лепрозниот во денот на неговото очистување: нека биде доведен при свештеникот;

3. свештеникот нека излезе надвор од логорот и нека го изврши прегледот. Ако утврди дека лепрозниот оздравел од лепрата,

4. нека нареди да се земат, за човекот што се очистува: две птици, чисти и живи, кедрово дрво, црвено предено и босилек.

5. Потоа свештеникот нека нареди да биде заклана едната птица над жива вода во глинен сад.

6. Потоа нека ја земе живата птица, а тогаш нека ги натопи заедно: кедровото дрво, црвената волна и босилекот во крвта на птицата, заклана над живата вода.

7. И нека го попрска седум пати оној, кој се очистува од лепрата и нека го прогласи за чист, а живата птица нека ја пушти во полето.

8. Очистуваниот нека ја испере својата облека, нека ги истриже сите свои влакна, нека се искапе во вода и ќе биде чист. Потоа нека влезе во логорот, но нека живее седум дена надвор од својот шатор.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 14