46. Кој ќе влезе во куќата додека е затворена нека биде нечист до вечерта.
47. Кој ќе спие во куќата, треба да ја испере својата облека. И кој ќе јаде во куќата, треба да ја испере својата облека.”
48. „Ако свештеникот дојде и види дека заразата не се раширила по куќата, откако куќата беше варосана повторно, свештеникот нека ја прогласи куќата за чиста, зашто заразата ја нема.
49. А за очистување на куќата нека земе: две птици, кедрово дрво, црвено предено и босилек.
50. Нека заколе една од птиците над жива вода во глинен сад.
51. Потоа нека ги земе: кедровото дрво, босилекот, црвената нишка и живата птица и нека ги накваси во крвта на закланата птица и во живата вода, па нека ја попрска куќата седум пати.
52. Откако ќе ја очисти така куќата со крвта на птицата, со живата вода, со живата птица, со кедровото дрво и со црвената нишка,
53. нека ја пушти живата птица надвор од градот во полето; и ќе го очисти домот, и ќе биде чист.”
54. „Тоа е закон за секаков вид лепра и јадеж,
55. за лепра на облека или на куќа,
56. за оток, лишаи или дамки,
57. за да покажува кога е тоа нечисто, а кога е чисто. Тоа е закон за лепрата.”