Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 16:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По смртта на двајцата Аронови синови, кои загинаа принесувајќи му на Господа непосветен оган, Господ му проговори на Мојсеја:

2. Господ му рече на Мојсеја: „Кажи му на брата си Арона да не влегува во секое време во Светилиштето зад завесата, пред Очистилиштето, што е врз ковчегот за да не загине. Зашто Јас ќе се појавувам над Капакот во облак.

3. Арон нека влегува во Светилиштето вака: со јунец за принос за грев и со овен за паленица.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 16