Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ако нема некого да ја откупи, а после и самиот стане имотен и спечали средства за да ја откупи,

27. нека ги изброи годините од продавањето, нека му исплати на купувачот износ за другото време и нека се врати на своето наследство.

28. Ако нема средства за да ја откупи, тогаш продаденото нека остане во рацете на купувачот до јубилејната година. А кога ќе стапи во јубилејот, нека се врати на својата таткова земја.’

29. ‘Ако некој продаде куќа за живеење во град, заграден со ѕид, може да ја откупи додека не се наполни година по продавањето; и така, откупниот рок нека е една година.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25