Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 7:7-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Каква е жртвата за грев, таква е и жртвата за престап, еден е законот за нив: таа му припаѓа на свештеникот, кој врши покривање на гревот со неа.

8. Исто така кожата од жртвата што некој ќе му ја предаде на свештеникот, за да биде принесена како жртва паленица, нека му припадне на свештеникот.

9. Натаму, секој лебен принос што ќе биде печен во печка како и секој што ќе биде зготвен во грне или во сад за пржење, нека му припадне на свештеникот кој го принесува.

10. А секој лебен принос, замесен со масло или насуво, нека им припадне на сите Аронови синови, на еднаков дел!’

11. ‘Ова е законот за помирителната жртва што ќе Му биде принесувана на Господа.

12. Ако се принесува за благодарност, заедно со жртвата благодарница нека бидат принесени бесквасни погачи замесени со масло; бесквасни кори намачкани со масло и колачиња од чисто брашно, замесени со масло.

13. Овој принос, надополнет со колачиња од заквасено тесто, нека се принесува заедно со помирителната жртва за благодарност.

14. Од секоја ваква жртва нека Му се принесе по еден возвишен принос на Господа. Тоа нека биде за свештеникот што ја прска крвта од помирителната жртва.

15. А месото од помирницата нека биде изедено во истиот ден кога ќе биде жртвувана; од неа нека не се остава ништо за следното утро.

16. А ако биде приносот: жртва заветница или доброволен принос нека биде изедена на денот кога жртвата се принесува. Што ќе остане од неа, нека биде јадено следното утро.

17. А што ќе остане уште од месото на жртвата, нека биде изгорено врз оган на третиот ден.

18. Ако некој јаде месо од помирителната жртва на третиот ден, жртвата нема да биде примена, ниту ќе му се засмета на оној кој ја принесува. Таа жртва е онечистена, и оној што ќе јаде од неа, ќе понесе грев врз себе!’

19. ‘Месото што ќе се допре до што и да е нечисто, нека не се јаде, туку да биде изгорено на оган! Инаку кој е чист, може да јаде чисто месо.

20. А кој би јал нечисто од месото на помирителната жртва, што Му беше принесена на Господа, да биде истребена таа душа од својот народ.

21. Кога некој ќе се допре до што и да е нечисто - било тоа да е човечка нечистота, некакво нечисто животно или каква и да е нечиста гадинка или какво и да е нечисто суштество - па изеде месо од помирница, што Му е принесена на Господа, таквиот нека биде откорнат од својот народ!’”

22. Господ му рече на Мојсеја:

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 7