Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 8:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Земи ги: Арона, а со него и неговите синови; облеките и маслото за помазание, јунецот на жртвата за грев, двата овна и кошницата со бесквасни лебови,

3. па собери ја целата заедница при влезот од Шаторот на средбата.”

4. Мојсеј направи како што му нареди Господ, и општеството се собра при влезот од Шаторот на средбата.

5. Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”

6. Потоа Мојсеј ги изведе Арона и неговите синови и ги изми со вода.

7. Го облече во облека, го препаша со појас, го наметна со наметка и му стави ефод (наплеќник). Потоа го опаша со ткаенината на наплеќникот и со неа го пристегна наплеќникот до него.

8. Му стави врзградник, а во врзградникот ги вметна Уримот и Тумимот.

9. На главата му сложи митра (капа), а однапред на капата закачи златна плочичка - свет венец - како што Господ му нареди на Мојсеја.

10. Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.

11. Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.

12. Излеа миро врз Ароновата глава и го помаза, за да го посвети.

13. Потоа Мојсеј ги доведе Ароновите синови; ги облече во хитони (облеки), ги препаша со појаси и им сложи капи, како што Господ му нареди на Мојсеја.

14. Потоа доведе јунец за жртва за грев. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на јунецот на жртвата за грев.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 8